Сообраќајна незгода тукушто се случи кај штипското село Лакавица – истакнуваат за ММС очевидци на инцидентот, а информацијата ја потврдуваат и од СВР Штип.
Во незгодата учествувале три возила и според неофицијалните информации, нема жртви.
Полицијата прави увид на местото на настанот – информира за ММС, портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.


