Турција во следните месеци ќе добие вакцини против коронавирусот, а дел од вакцините ќе и бидат доделени на Босна и Херцеговина. За ова, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го информирал претседавачот со Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ.
„Туција досега и’ помагаше на Босна и Херцеговина во борбата против коронавирусот и тоа ќе продолжи. Турција многу брзо ќе добие вакцина, а подготвеноста за таа помош и денес беше искажана, со тоа што таа ќе ја опфати и вакцината“, појасни Џаферовиќ.
Ердоган повтори дека Турција ги поддржува стабилноста и мирот во БиХ, реформите и суверенитетот на земјата – додаде тој.
Последиците од пандемијата со ковид-19 беа тема на денешната средба меѓу Ердоган и Џаферовиќ која се одржа во Истанбул.
Фото: iletisim.gov.tr
Извор: vijesti.ba/clanak


