Бугарија ја отфрли рамката за преговори на ЕК за земјава – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/20 4:40 PM

Бугарија ја отфрли рамката за преговори на ЕК за земјава

Бугарија ја извести Европската комисија дека не е во можност да ја прифати тековно предложената рамка за преговори за Република Северна Македонија и нацрт-декларацијата до неа. Аргументот е дека тие не ги даваат потребните гаранции за исполнување на условите поставени од Бугарија.

За Бугарија, опцијата за поставување на нејзините услови за Република Северна Македонија во декларацијата на Советот на ЕУ што ја придружува рамката за преговори е неприфатлива, бидејќи Декларацијата на Советот не е правно обврзувачки инструмент и не обезбедува законски гаранции што ги бара Бугарија. Бугарија би имала такви гаранции доколку нејзините барања се рефлектираат во текстот на Рамката за преговори, на кој инсистира.

Земјата му се заблагодарува на германското претседателство со Советот на ЕУ и комесарот за проширување Оливер Вархеи за конструктивниот пристап и секојдневната заедничка работа во потрага по решение. Сè уште не е исклучено таквата одлука да биде донесена и покрај кратките рокови – се наведува во ставот на бугарското Министерството за надворешни работи.

 

Фото: Прес центар МС

Извор: news.bg