Вчера масовна тепачка на „Косовска“ во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/20 4:42 PM

Вчера масовна тепачка на „Косовска“ во Штип

Вчера во 18.05 часот на ул.„Косовска“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Д.Ј.(31) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Според полициското соопштение, околу 15.00 часот на ул.„Радански пат“ во Штип, С.Д.(18), С.Д.(21), Е.Д(44) и двајца малолетници биле физики нападнати од Д.Ј. и уште шест лица, при што биле употребени и метални и дрвени премети.  Се работи на целосно документирање на случајот, по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.