Советот на Општина Штип донесе одлука признанието „8 Ноември“ за 2020 година да им се додели на: Д-р Трајче Стојанов – професор по филозофија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, за постигнувања во сферата од образованието и науката; Елена Голомеова – оперска певица, за исклучителен придонес за афирмирањето на Штип во светот како уметник; ТППЕ-Штип (Територијална противпожарна единица), по повод 100 години пожарникарство и исклучителен придонес во противпожарната заштита на Штип; и на Инфективното одделение при Клиничка Болница – Штип, за несебичната борба за заштита на здравјето на граѓаните во услови на пандемија од Ковид-19.
Признанието се доделува секоја година по повод Денот на ослободувањето на градот, 8 ноември.