Дури и во најтешките времиња, кога се чини дека ништо не оди како што треба, луѓето ја имаат моќта да го извлечат најдоброто од секоја ситуација. Овој случај е вистински пример за тоа.
По долг работен ден, болничкиот персонал на болницата Перпињан во Франција наишол на прекрасно изненадување, на секоја од нивните паркирани коли имало оставено по еден букет цвеќе.
Виновникот за тоа е Муриел Марсенак. Муриел е сопственичка на цвеќара, која за жал морала да ја затвори поради ситуацијата со ковид-19. Наместо да се разочара од загубите во бизнисот, Муриел решила да го извади најдоброто од ситуацијата. Цвеќињата што ѝ останале по затварањето на цвеќарницата решила да ги подари на здраствените работници во локалната болница и на тој начин да им се заблагодари за жртвата што ја прават во борбата со пандемијата.
„Морав да донесам одлука, а не сакав да ги фрлам цвеќињата. Наместо да плакам, си реков дека подобро би било некому да му го разубавам денот, особено во ваков тежок период“, вели 38 годишната цвеќарка.
Членовите на персоналот на болницата биле пресреќни за ваквиот гест, подоцна ја исконтактирале Муриел за да ѝ укажат благодарност за тоа што го направила за нив.
Муриел не планира да застане со ова, вели цвеќињата што ѝ останале сака да ги подели на персоналот во останатите локални болници.
Во овој тежок период низ кој минуваме сите, токму луѓето како Мариел се знак дека сепак постои солидарност меѓу луѓето во моменти кога навистина е потребна.
Погледнете неколку фотографии од убавиот гест што ги издвоиме, останатите погледнете ги на фејсбук профилот на Муриел.
Фото: Murielle Mar
Извор: HuffPost