За време на преносот во живо на претседателските избори во САД, во студиото на „CNN“ се случи несекојдневна и по малку незгодна ситуација.
Имено, на екранот на кој новинарот ја анализираше состојбата на претседателската трка помеѓу Доналд Трамп и Џо Бајден, се појави името на еден од најпознатите сајтови за возрасни „Pornhub”.
Новинарот рефлексно и брзо реагираше да го отстрани името на сајтот, но очигледно недоволно брзо. Гледачите пред малите екрани го „фатиле“ моментот кој сега го погледнаа милиони на социјалните мрежи.
I mean this is going to be the greatest GIF of all time pic.twitter.com/v0Y7V3FaOR
— Nicholas Guyatt (@NicholasGuyatt) November 6, 2020