Лошите резултати на кошаркарскиот клуб Партизан на почетокот од сезоната, ги натераа челниците на белградскиот клуб на промена на тренерското столче. На местото од Владо Шчепановиќ ќе седне словенечкиот тренер со македонски корени, Сашо Филиповски.
Филиповски уште против Задар во рамките на шестото коло од АБА лигата ќе дебитира на клупата на црно-белите, а денес ќе биде официјалната промоција.
Во досегашната кариера, искусниот словенечки стратег ги предводеше тимовите на Монако, Банвит, Олимпија, Зјелена Гора, Лотоматик, Локомотив Ростов и Туров и беше асистент на легендата на Партизан и екс-ју кошарката, Душко Вујошевиќ, во ЦСКА Москва.
Покрај него во стручниот штаб ќе заземат место и Бобан Митев и кондициониот тренер Владан Радоњиќ.