Пред вториот квалификационен дуел за Европското првенство 2022, македонската ракометна селекција се соочува повторно со познат проблем. Коронавирусот се вовлече во репрезентацијата, откако пред патувањето во Шафхаузен, на веќе стандардните ПЦР тестирања, еден член на стручниот штаб на селекторот Брестовац, бил позитивен на Ковид-19 тестот.
Засега од репрезентацијата не го откриваат неговиот идентитет, а тој ќе оди во изолација и нема да присустува во важниот дуел против Швајцарците.
Поради коронавирус, претходно беа повлечени од составот Мартин Танковски, Мартин Велковски и Мартин поповски, заедно со членовите на стручниот штаб Александар Царчев, Никола Матлиевски и Радослав Стојановиќ.