Азербејџанската Армија уништи касарна на ерменската Армија – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/20 8:53 AM

Азербејџанската Армија уништи касарна на ерменската Армија

Азербејџанската Армија, која започна операција за ослободување на своите територии под окупација, уништи касарна на ерменската Армија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека касарната лоцирана во селото Тонашен, на линијата на фронтот кај Тaртaр, била погодена со топовски оган од азербејџанската Aрмија.

Се наведува дека во касарната во селото Тонашен уништена е муниција и друга воена инфраструктура на 7. Полк на ерменската Армија.

Министерството сподели снимки од моментите на нападот врз касарната.