Косовскиот претседател Хашим Тачи се јави од Хаг – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/20 11:15 PM

Косовскиот претседател Хашим Тачи се јави од Хаг

Тачи на својот официјален Фејсбук профил објави фотографија, на која се гледа опкружен со граѓани. На објавената фотографија, стои дека  војната на УЧК е праведна и за слобода.  Објавената фотографија со Тачи е направена пред неколку месеци, кога беше дочекан од граѓаните по завршувањето на сослушувањето  во Специјалното обвинителство во Хаг.

Тачи по подигнатото обвинение поднесе оставка од функцијата претседател. Пред да замине за Хаг, Тачи ги повика граѓаните да не губат надеж, трпеливост и доверба.

„Ви благодарам за довербата затоа што ова не е збогување. Наскоро ќе се видиме повторно и ќе победиме, ова е моето ветување кон вас“, рече тој.