Обвинение и за Али Ахмети од Хаг, пишува порталот на албански јазик News33 – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/20 10:42 PM

Обвинение и за Али Ахмети од Хаг, пишува порталот на албански јазик News33

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети добил обвинение од Специјалниот суд во Хаг, но официјалните информации сè уште не се објавени – објави порталот на албански јазик News33.

Ахмети не е единствениот лидер чие обвинение е потврдено денеска. Хашкиот суд постапил исто и со Кадри Весели и Хашим Тачи, кој денеска поднесе оставка од претседателската функција – пишува порталот.

Во врска со овој случај, синоќа имало рација во куќата на експретседателот на Собранието на Косово, Јакуп Красниќи и други екс команданти на УЧК кои предходно беа поканети во Хаг.

Инаку, по денешната оставка на Тачи, Ахмети се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук изразувајќи поддршка за него, но и за останатите обвинети.

Војната што УЧК ја водеше на Косово беше праведна бидејќи таа се водеше за слобода на Албанците. Војната беше ослободителна , за самооределување,но и за правда и владеење на на правото, демократското и кохезивно општество, ориентирани кон евро-американските вредности, пишува во својата реакција лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по развојот на настаните во Косово, која ја пренесува агенцијата ФЛАКА

„Убеден сум дека моите соборци ќе го докажат тоа дека УЧК водеше праведна војна, дека победи за да се обезбеди целосно владеење на домашна и меѓународна правда. Знам дека и јас и моите другари, ако имавме уште еден живот, уште една можност, уште една борба да се бориме за слобода и еднаквост, ќе го сторевме тоа повторно затоа што верувавме и верувавме во правото на нашата нација“, вели Ахмети.

Тој во реакцијата наведува:„Сите  достигнувања во овие децении ги реализиравме заедно со нашите меѓународни пријатели и заедно, почитувајќи ги вредностите прифатени од сите нас, за да  го завршиме патот кон слободата, независноста, правдата и интеграцијата“.

„Им честитаме на лидерите на Косово кои се одзваа на повикот на правдата на најдостоинствен начин и ви посакувам што побрзо враќање и исполнување се државничките и обврски“, пишува Ахмети по обвинението против Хашим Тачи и Кадри Весели.

Хашим Тачи денеска поднесе оставка од функцијата претседател на Косово. Оваа одлука уследи по потврдувањето на обвинението за воени злосторства и злосторства против човештвото од страна на Специјалнито обвинителство во Хаг.