1071 каранфил за 1071 починат од корона остави ВМРО на булеварот пред Владата – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/20 9:41 PM

1071 каранфил за 1071 починат од корона остави ВМРО на булеварот пред Владата

ВМРО-ДПМНЕ во рамките на вечерашниот протест остави 1071 каранфил пред владината зграда во чест на починатите од ковид-19. Опозицијата ги обвини премиерот Заев и министерот за здравство, Филипче за рекордните бројки на заразени и за целосната исполнетост на болничките капацитети.

Од партијата забележаа дека пациентите доцна добиваат дијагноза, кога здравјето веќе им е загрозено.

Го повикаа Филипче да си поднесе оставка, додавајќи дека има 1071 причина за да го стори тоа.