Стресот си го прави своето: Американците масовно пребарувале продавници за алкохол и пржени компирчиња на денот на изборите – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/20 3:12 PM

Стресот си го прави своето: Американците масовно пребарувале продавници за алкохол и пржени компирчиња на денот на изборите

Американците се вдадоа во купување алкохол и пржена храна со цел да го „преживеат“ денот на изборите, a ова го покажуваат анализите за пребарувањата на гигантот „Гугл“.

Изборниот ден во САД и неизвесниот резултат според „Гугл“ се чини дека било тешко да се издржат, па американците морале да побараат утеха во пиците, кинеската храна и алкохолните пијалаци. Најпребарувана фраза во континуитет во текот на денот била „продавници за алкохол околу мене“, а голем број луѓе пребарувале и ресторани за брза храна – поточно „пржени компири близу до мене“, со што оваа фраза доживеа најголемо пребарување од 2004 година.

 

Интересно нешто што американците го пребарувале е и „преселување во Канада“.

Социјалните мрежи овие два дена се преплавени со шеги за преселување во Канада и објаснувања за тоа колку на американците би им бил подобар животот таму.

Овој тренд всушност е и продолжение на изборите во 2016 година кога Трамп стана претседател за прв пат. Американците тогаш масовно се прикачуваа на канадскиот веб-сајт за имиграција, што доведе до пад на сајтот.