Поразот од Арсенал на „Олд Трафорд“ во неделното дерби од Премиер Лига, се чини дека дополнително ја разниша самодовербата на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, а тоа најдобро се огледа во третото коло во Лигата на Шампионите против турскиот шампион, Истанбун Башакшехир.
Тимот на Оле Гунар Солскјер загуби со 2:1 на гостувањето во Турција, примајќи голови кои тешко некој може да ги објасни, карактеристични за екипи од трета и четврта лига, во најдобар можен случај. Во најлош, карактеристични за 12 пријатели кои еднаш неделно играат рекреативен мал фудбал во некоја сала или спортски „балон“.
Погледнете и самите на кој начин одбраната, но и целиот тим на теренот, реагираа при головите на Демба Ба и Висча.




