ВИДЕO: Халанд е робот, друго објаснување не постои – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/20 12:26 PM

ВИДЕO: Халанд е робот, друго објаснување не постои

Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд и норвешкиот и светски фудбал, ионака важи за личност која не знае, или не сака пред камери.

Појавувањата на Ерлинг Халанд во медиумите, секогаш предизвикувале зачудувачки реакции. Напаѓачот не е зборлив, напаѓачот сака што побрзo да се тргне од објективот и напаѓачот не покажува никакви емоции и чувства надвор од теренот.

По вчерашната победата во третото коло во Лигата на Шампионите против Клуб Бриж, каде што се запиша во листата на стрелците, Халанд во разговор со новинар ги пренесе своите импресии од победата на Борусија Дортмунд и неговата индивидуална претстава. Отсечно, налик програмиран робот од Sci-Fi филмовите.