Директорот на „Гранд“ продукција, Саша Поповиќ (66), официјално стана пензионер на 1 ноември. Toj не се двоуми да ги потроши своите милиони на разни работи, па затоа поседува неколку имоти ширум светот, како и многу други работи. Покрај недвижнините, Саша претходните години инвестираше пари и во скапи автомобили, но и во јахти.
Како што веќе пишуваа медиумите, Поповиќ поседува јахта која е закотвена на хрватскиот брег и троши вртоглава сума пари за нејзино одржување.
– Воопшто не жалам за пари за такви работи, сакам да имам скапи и добри автомобили. И јас знам да возам јахта и од таа причина ја купив – рече Поповиќ пред извесно време.
Саша отсекогаш бил љубител на автомобили, па не е изненадувачки што сега, кога има можности за сè што сака, тој да поседува цел возен парк. Еден во серија од неговите автомобили вреди дури 150.000 евра.
Тој исто така поседува луксузен стан во Опатија вреден скоро 500.000 евра. Брендираната облека и додатоци не беа изоставени од списокот на работи на кои Саша троши голема сума пари. Поповиќ издвои скоро 50.000 евра за рачен часовник.
Саша Поповиќ, исто така, планира да изгради луксузен комплекс на Авала, каде што купи парцела. Неговиот дом на Бежанијска Коса важи за еден од најскапите во Белград, на кој тој и неговата сопруга Сузана Јовановиќ го потрошија целото богатство.
Извор и фото: telegraf.rs