Пејачката Невена Божовиќ живее на релација Белград-Будва: Има криза во се’, верувам дека наскоро ќе продолжиме со нормaлниот живот – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/20 10:37 PM

Пејачката Невена Божовиќ живее на релација Белград-Будва: Има криза во се’, верувам дека наскоро ќе продолжиме со нормaлниот живот

Младата пејачка, Невена Божовиќ го организира својот живот со сопругот Никола Ивановиќ на релација Белград-Будва, но вели дека тоа не им претставува прблем, туку уживање.

„Живееме на релација Белград-Будва и тоа е најдобрата комбинација за нас и за природата на нашите работи. И двајцата сме хиперактивни, така што секогаш добро си го организираме времето и го исполнуваме со некое заедничко хоби“, вели Невена. За време на пандемијата, таа секој слободен момент го користи за да и’ се посвети на кариерата и да создаде нова музика.

„Во моментот сум фокусирана на работата во студио и на создавање нови песни. Овој период сакам што повеќе да компонирам, создавајќи нешто ново. Мојата работа не подразбира само концерти, треба темелно да се подготвиш, а патем има многу обврски што треба да се извршат“, вели таа и додава дека без мака успева да го избалансира приватниот со деловниот живот.

Успевам со помош и поддршка од мојот сопруг – истакнува Невена, која вели дека големата поддршка што ја имаат со сопругот, покрај љубвта, е основа за нивниот однос:

„Се поддржуваме и се следиме еден со друг во се’. Можам да кажам дека исто размислуваме“.

На прашањето дали славата со текот на годините ја промените и дали се дружи со пријателите од детството, таа открива:

„Тоа сепак е прашање за моите пријатели, јас би рекла дека не сум променета и тоа не е можно во мојот случај. Семејството секогаш ми е на прво место и кога сме сите добро, јас можам да функционирам нормално. Се дружам со пријателите од детството, знам дека засекогаш ќе бидеме поврзани иако можеби и не се гледаме често“.

Невена со насмевка додава дека постојат желби кои и’ се немаат остварено, но тоа не значи дека нема да се оставарат. Таа се надева дека нормалниот живот наскоро ќе продолжи, како и дека пејачите ќе можат без пречка да настапуваат:

„Има криза во се’, во сите области и насекаде низ светот. Верувам дека наскоро сето тоа ќе биде зад нас и заедно ќе продолжиме, пред се’ со нормалниот живот“.

 

Извор:  blic.rs