Мас и Рот во карантин по средбата во Берлин со Захариева, Димитров и Османи – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/20 8:59 PM

Мас и Рот во карантин по средбата во Берлин со Захариева, Димитров и Османи

Шефот на германската дипломатија, Хајко Мас ќе оди во двонеделен карантин поради средбата што ја имаше со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева и нејзиниот заменик Петко Дојков во Берлин во понеделникот, откако бугарското МНР денеска соопшти дека таа е во самоизолација, а Дојков бил позитивен на брз тест за КОВИД-19, објави МИА.

Во карантин ќе оди и министерот за Европа во германското МНР, Михаел Рот. Како што соопшти германското МНР, во изолација заминуваат и други вработени во министерството кои присуствувале на средбите. Првиот тест на Мас бил негативен на коронавирус.

Во соопштението на германското МНР воопшто не се споменуваат темата и учесниците на состанокот во понеделникот поради кои министерот заминува во карантин.

На средбата со Захариева во Берлин на покана од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и на министерот за Европа Миахел Рот присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на димпломатијата Бујар Османи.

По извршената епидемиолошка проценка на ризик, како што и претходно објави ММС, донесена е одлука вицепремиерот  Димитров и министерот Османи да не одат во изолација.