Покрај пандемијата со коронавирусот, настинките повторно се актуелизираа, а доколку се соочувате со кашлица или болки во грлото постојат природни лекови кои може да ви помогнат. Се работи за лекови кои може да ги приготвите едноставно и во домашни услови, а за што поточно станува збр прочитајте во продолжение:
Сируп од морков и мед против кашлица
За сируп од морков и мед, потребни ви се 1/2 кг моркови и 3-4 лажици мед. Сирупот се подготвува едноставно и на следниов начин: исечете го исчистениот морков, истурете доволно вода за да го покриете морковот и варете го додека не омекне. Кога ќе се свари, „изгмечете“ го со вилушка или ставете го во блендер. Не фрлајте ја водата во која се варел, туку додадете мед во неа (кога ќе се олади) и комбинирајте ја со морковот. Ваквиот сируп треба да се чува во стаклен сад на ладно место.
Мед од глуварче против кашлица
Медот од глуварче успешно ја потиснува кашлицата, а за да го подготвите овој природен лек ви требаат: околу 250 цвеќиња од глуварче, 2 лимона, 1 портокал, 1 килограм шеќер и 1 литар вода.
Лимоните и портокалот ставете ги во литар вода заедно со глуварчето и варете околу 2 часа. Потоа процедете, фрлете го густиот дел и варете го течниот дел уште половина час. Потоа додадете шеќер. Ваквата смеса варете ја додека не добиете соодветна густина на медот.
Ставете го медот од глуварче во стаклени тегли и консумирајте по една лажица 3 пати на ден.
Сируп против кашлица и болки во грлото
Комбинирајте 500мл вода со 400гршеќер (кафеав), излупени 2 лимона, 2 лажици бел слез, 2 лажици камилица, 2 лажици жалфија и парче исечен ѓумбир. Гответе ги комбинираните состојки 45 минути. Процедете и консумирајте 3 лажици од овој сируп 3 пати на ден.
Сируп од портокал против сува кашлица
Измијте еден портокал добро и исечкајте го заедно со кората на многу мали парчиња. Потоа ставете го во соодветен сад, додадете 2 лажици шеќер и прелијте со само 1 дл вода. Варете додека не се згусне (околу половина час).
Консумирајте по една лажица сируп од портокал секој пат кога ќе имате напад на сува кашлица.
Извор: informer.rs