Приведен насилник од струшко Велешта, изнудувал пари од угостители – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/20 7:33 PM

Приведен насилник од струшко Велешта, изнудувал пари од угостители

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделот за специјални полициски операции денеска во 16:45 часот во близина на хотел во Струга го приведоа С.Н. (43) од село Велешта, насилник кој во неколку наврати од сопственици на угостителски објекти изнудувал пари, соопшти МВР.

По преземени мерки и активности, како што се посочува, С.Н. бил забележан во близина на хотел во возило „џип” и лишен од слобода, а при претресот е пронајден пиштол со пет куршуми. С.Н. е приведен во ПС Струга и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.