Францускиот претседател, Емануел Макрон в понеделник оди на еднодневна посета на Виена, каде со австрискиот канцелар Себастијан Курц ќе разговараат за борбата против тероризмот – соопшти австриската влада.
Договорена е кратка посета во понеделник навечер – изјави за Франс прес, неименуван претставник на австриската влада. Макрон и Курц ќе разговараат за џихадистите, заштитата на европските граници и за Турција – додаде претставникот.
Австрискиот канцелар вчера ја повика Европската унија, по нападот во Виена, на борба против „политичкиот ислам“, идеологија која претставува опасност за европскиот животен модел.
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот кој се случи во понеделникот во центарот на Виена.
Извор: novimagazin.rs


