Ќулавкова: Безумно е да се бара да си го поништиме државотворното право и идентитет – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/20 6:25 PM

Ќулавкова: Безумно е да се бара да си го поништиме државотворното право и идентитет

Делата како што е творештвото на Марко Цепенков покажуваат дека македонскиот народ не е никаква комунистичка творба туку сосема нормално се развивал во согласност со сите законитости и модели на развој на балканските народи, европските народи, и во одредени услови и конституирал својата држава. Безумно е да се бара да си го поништиме самите државотворното право и идентитет. Ние никако не треба да се откажеме од нешто што ни е  иманентно и инхерентно право и морално и научно и цивилизациско право.

Ова го истакна денеска академик Катица Ќулавкова во изјава за медиумите по Научниот собир на тема „Одбележување 190 години од раѓањето на Марко Цепенков и 100 години од неговата смрт” во организација на МАНУ

-Не можеме ние да очекуваме Македонија со нејзината констелација каква што ја имала во крајот и втората половина на 19 век и почетокот на 20 век да добие така лесно посебна државност иако македонистите, конкретно точно таа група која освен што научно дала придонес и културно во развојот на македонската култура и во нејзина афирмација, дала придонес и во т.н. револуционерно движење. Тука спаѓа Чупески, Крсте Мисирков, Пулевски претходно, значи токму тие покажуваат дека македонската држава не можела да добие признание затоа што во таа балканска и европска констелација не добила поддршка од ниту една голема сила, а самите соседи постојано ја подвргнуваат на одредени порекнувања и релативизации по однос на идентитетот, нешто што еве во соодветни услови денес кога им се даде некаква можност го актуализираат. Затоа ние треба да работиме малку на тоа, на внатрешното единство идејно и национално да го зајакнуваме, а потоа да имаме и добри пријатели од Европа и пошироко од светот, вели Ќукавкова во коментар за акјтуелните бугарски условувања во делот на идентитетот и јазикот

Таа нагласува дека историскатата вистина на која инсистира Бугарија не е единствена и непоречна и дека има доволно и факти и показатели за развојот на македонскиот јазик и култура

-Се разбира дека историската вистина не е единствена и не е непоречна, меѓутоа Бугарите се држат токму за таа догма дека историската вистина е на страна на бугарската перспектива на толкување на историјата што апсолутно не е точно. Колку повеќе читам јас лично и сите мои колеги, нашите историчари, македонската и културна и национална историја и сите движења што се случувале на оваа територија сфаќаме дека има доволно и факти и показатели дека македонскиот јазик си постои уште од пред илјадници години и дека си се развива сосема нормално, ја развива својата култура онака како што овозможувале условите на хегемонијата на која што бил подложен македонскиот народ, вели академик Ќулавкова

Дополнително, појаснува таа, во моментот кога се формираат другите држави Македонија трпела од експанзионистичките претензии на Бугарија, на Грција и на Србија.

-И сега тоа ни се зема повторно како некој претекст за да се негира нашето современо право да имаме своја држава. Мислам дека дури не би ја користела политичката фраза на црвена линија. Напросто е безумно и тоа веќе европската интелигенција го гледа и безумно е да се бара да си го поништиме самите државотворното право, да си го поништиме самите и потекло и идентитетот кои се целите на тоа потекло, вели таа.

Според неа, со Преспанскиот договор се одрековме од антиката иако, вели, имаме право како дел од таа територија и веројатно делумно и популација да се повикуваме на неа, а со откажување од нашето минато се оди во прилог на тезите на Бугарија.

-Ако се откажеме од нашето минато фактички, не само што ќе бидеме без корени, ќе создадеме политички амбиент за Бугарија да каже еве тоа е нашето бугарско малцинство, бугарско малцинство кое во дадени историски и политички околности се издвоило во составот на Кралството Југославија или во бивша Југославија или како самостојна држава. Ние не треба тоа да го кажеме зашто ние суштински и де факто не сме исти народ. Ние сме биле два соседни народи кои биле како и многу други народи заедно во составот на големите империи. Во таа смисла ние ја споделуваме историјата на Византија или историјата на Римската империја ако тие воопшто биле во тоа време тука оти македонските славјани докажано и словенските Македонци дека живееле, домородни се на оваа територија. За Бугарите има и други теории, јас не навлегувам во тоа оти не сум историчар.  Меѓутоа ние никако не треба да се откажеме од нешто што ни е  иманентно и инхерентно право и морално и научно и хумано, значи цивилизациско право, вели академик Катица Ќулакова.

МИА