Шок во САД: Мртов човек победи на изборите – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/20 4:46 PM

Шок во САД: Мртов човек победи на изборите

Изборната комисија во американската сојузна држава Северна Дакота не се соочува со проблемот на пребројување на гласовите како во некои други држави, туку со проблемот на мртов човек кој победи во една од изборните трки.

Републиканецот Дејвид Андал почина во октомври, во 55. година од животот, од компликациии од Kовид-19. Меѓутоа, тогаш неговото име веќе беше на избирачкото ливче и немало начин како да се отстрани. Откако починал, од кoмисијата соопштијa дека не знаат како ќе се постапи во случај да победи.

Андал беше еден од двајцата кандидати за државеn претставник и освои 35,5 отсто од гласовите, кои му беа доволни за победа. Тој остана на гласачкото ливче зашто предвременото гласање почна со недели пред да умре, пишува „Индепендент“, а пренесува „Индекс.хр“.