Жителите на Челопек втор ден во шок и неверување, агресивноста на момчето не е од родителите – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/20 4:06 PM

Жителите на Челопек втор ден во шок и неверување, агресивноста на момчето не е од родителите

Жителите на тетовски Челопек втор ден во шок и неверување, откако слушнаа дека момче со потекло од нивното село направи масакр во Виена. Велат дека родителите му биле били мирни, и агресијата на нивниот син не потекнува од нив, туку од други кругови каде живеел и со кого бил во контакт Кујтим.

„Јас работев со дедото на момчето во Австрија. За семејството можам да кажам само пофални зборови. Од када таа агресија на момчето не знам. Само знам дека тој живеел посебно во стан во Виена, и родителите немале многу работа со него. Него ниту го знам, ниту сум го видел. Родителите вистина е дека тука доаѓале, но момчето воопшто не сум го видел“, вели жител на Челопек

Негативните работи што ги направило момчето не се од неговите родители, туку од нешто друго, дали некоја организација, истакнуваат други челопечани , кои додаваат дека се потресени веќе втор ден.

Куќата на родителите  од момчето е затворена. Голем дел од семејството е отселено. Во селото останал неговиот вујко кој многу не сакаше да зборува, но за дел од медиумите потврди дека и момчето доаѓало барем еднаш годишно во селото.

З.Д.