Неисчистени оџаци најголема причина за пожари во станбените објекти во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/20 3:33 PM

Неисчистени оџаци најголема причина за пожари во станбените објекти во Тетово

Речиси секој ден тетовската Територијална противпожарна единциа интервенира во гасење на наисчистени оџаци, кои можат да направат сериозни штети. Вака е секоја година, откако ќе започне грејната сезона. Во последно време проблем е појавувањето на пожари на трафостанци и струјомери на станбени објекти.

Од почетокот на грејната сезона до денеска тетовската противпожарна единица интервинирала 13 пати во гасење на пожари, кои се појавуваат кај оџаците, пред се’ поради нивното неодржување.

Проблем е што имаме пожари на трафостаници и струјомери, а граѓаните, наместо да не повикаат, интервенираат сами и прават уште поголеми проблеми и компликации.

Од почетокот на годинава досега, тетовската противпожарна единица интервенирала 520 пати.

З.Д.