Јанез Јанша му честиташе победа на Трамп, ЕК без коментар – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/20 2:53 PM

Јанез Јанша му честиташе победа на Трамп, ЕК без коментар

Словенечкиот премиер Јанез Јанша утрово, преку порака на Твитер, веќе го прогласи американскиот претседател Доналд Трамп за победник на штотуку одржаните претседателски избори во САД.

„Веќе е јасно дека Американците го избраа Доналд Трамп за уште четири години. Колку повеќе одложувања и негации на фактите од центристичките медиуми, толку е поголем триумфот на претседателот Трамп“, сподели Јанша.

Потегот на Јанша не го коментираа од Европската комисија, а портпаролот само нагласил дека резултатите треба да се следат до крај, а пребројувањето на гласовите во САД траело уште.

.