Фалсификувани евра откриени во менувачница и продавница во Делчево – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/20 2:11 PM

Фалсификувани евра откриени во менувачница и продавница во Делчево

Лажни банкноти  во апоени од 50 евра,  во текот на вчерашниот ден биле пуштени во оптек во Делчево, во менувачница и во продавница.

„На 03.11.2020 година во 14.30 часот во Полициската станица Делчево, С.П.  од Делчево пријавила кривично дело „фалсификување пари“. Според пријавеното, на 26 октомври околу 11.00 часот во менувачница, сопственост на С.П. во Делчево, од страна на едно лице била пуштена во оптек лажна банкнота во апоен од 50 евра,“информираат од Полицијата.

И вториот случај е пријавен вчера, но банкнотата била пуштена во промет на 30 октомври.

„Според пријавеното, на 30.10.2020 во продавница, сопственост на М.Г., од страна на едно лице била пуштена во оптек лажна банкнота во апоен од 50 евра,“пишува во Полицискиот билтен.

Се работи на расчистување и на двата случаи.