Легендардниот фудбалер на Баерн Минхен и германската фудбалска репрезентација, Герд Милер, кој вчера наполни 75 години, се наоѓа во старечки дом и ја губи битката со Алцхајмеровата болест.
Оваа вест ја откри неговата сопруга за таблоидот „Билд“, додавајќи дека Милер воопшто не внесува храна и целото време го поминува во кревет.
Неговиот поранешен клуб во третото коло од Лигата на Шампионите, го совлада австриски Салзбург со 2:6, a нивниот најдобар стрелец и играч, Роберт Левандовски, двата постигнати голови на гостувањето му ги посвети токму на Герд.
-Сакам головите да ги посветам на вистинската легенда, Герд Милер, кој слави 75 години денес. Нивото кое ти го достигна ме тера секојдневно да работам, за да се доближам барем малку до твојата големина. Остани силен, кралу Герд, напиша Левандовски на социјалните мрежи.