Aспазија Софијанова ќе биде нов директор на Клиника за детски болести – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/20 12:15 PM

Aспазија Софијанова ќе биде нов директор на Клиника за детски болести

Министерството за здравство ќе изврши промени на раководните позиции на неколку клиники и болници, известува „ТВ Канал 5“.

На токсикологија доаѓа доктор Ридван Бајрами од ГОБ „8-ми септември“, а Клиниката за детски болести ја презема поранешната директорка, Аспазија Софијанова.

Засега овие информации не се целосно потврдени, а имињата на новите директори официјално ќе бидат потврдени во петок.