ВИДЕО: Протести во Вашингтон, гласовите сѐ уште се бројат – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/20 10:31 AM

ВИДЕО: Протести во Вашингтон, гласовите сѐ уште се бројат

Претседателската трка влегува во неизвесна завршница, иако актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, на обраќањето пред јавноста од „Белата куќа“ објави победа и предупреди за можна кражба на изборите од страна на Демократите.

Американските безбедносни служби, според „Спутник“ се на готовс, чекајќи ги конечните резултати од 59-те претседателски избори во историјата на една од најголемите светски сили.

Група протестирачи, за кои се верува дека се дел од движењето „Black lives matter“, излегоа на улиците на главниот град на САД, Вашингтон, а според јавувањата не некои медиуми и на други места низ земјата, да го изразат своето незадоволство кон Доналд Трамп и неговото претседателствување во изминатите четири години.

Избирачите во САД одлучуваа помеѓу кандидатот на Републиканците, Доналд Трамп и неговиот опонент од Демократите, Џо Бајден.