Пакистанската администрација изјави дека е загрижена поради ширењето на исламофобијата во Европа и дека е потребно да се преземат итни мерки, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од Министерството за надворешни работи на Пакистан се наведува дека состанокот на „5. Стратешки дијалог меѓу Пакистан и Европската Унија“ е одржан преку видеоконференција.
Со состанокот претседаваа министерот за надворешни работи на Пакистан, Шах Махмуд Курејши и високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел.
Во изјавата се наведува дека Курејши ја изразил загриженоста до Борел за растечкиот тренд на исламофобијата во некои европски земји и повикал на итно преземање мерки за оваа состојба.
На состанокот се дискутираше и за регионалните и глобалните теми, за епидемијата од коронавирусот и за намалување на социоекономските ефекти на епидемијата.
Исто така, разгледана е имплементацијата на Планот за стратешки ангажман „Пакистан-Европската Унија“ (СЕП), потпишана во јуни минатата година.
Двете страни, според соопштението, го изразија своето задоволство од напредокот во спроведувањето на планот.
Подвлечено е дека СЕП го поттикнува продлабочувањето на односите меѓу двете страни во сите области, и дека нуди напредна, динамична и инклузивна рамка на соработка.