Претседателот на САД, Доналд Трамп, во обраќањето од „Белата куќа“ кое сè уште трае, објави победа на претседателските избори.
Тој ги прогласи за освоени Северна Каролина, Џорџија и Пенсилванија и порача дека неговата партија е подготвена за прослава по феноменалниот изборен успех. Воедно, Трамп предупреди дека секоја гласачка активност мора да престане, со оглед на тоа дека изборните места се затворени и во сите сојузни држави единствено мора само да се пребројат гласовите.
-Резултатите се феноменални, подготвени сме за прослава. Во Пенсилванија не сме ниту близу, а Северна Каролина и Џорџија ги добивме. На нацијата му се спроведува голема измама. Доколку не престане гласањето низ целата земја во овој момент, Врховниот суд ќе биде алармиран, изјави Трамп.
Претседателската трка влегува во својата возбудлива завршница.


