Сончево со умерена облачност – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/20 7:39 AM

Сончево со умерена облачност

Вреето денес во земјава ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта почнувајќи од југоисточните подрачја ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Денес кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови. Дневната температура ќе се намали за неколку степени.
Во деновите од викендот и во понеделник утрата ќе бидат студени, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.