Големите гради се проклетство: Млада русокоса собира донации за да го намали деколтето – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/20 11:33 PM

Големите гради се проклетство: Млада русокоса собира донации за да го намали деколтето

Деветнаесетгодишната Вики Рог од Велика Британија одлучила преку платформа за донации да собере пари за да замине на операција за намалување на градите. Атрактивната русокоса со години мака мачи поради бујното деколте, константно пие аналгетици поради болките во грбот што ги трпи поради огромните гради.

Одењето во клуб за мене е ноќна мора, бидејќи сите мажи зјапаат во моите гради, непристојно коментирајќи го мојот изглед, а често се обидуваат и непримерно да ме допираат. Големите гради се проклетство. Поради нив имам лошо држење на телото и болки во вратот, а поради градникот имам и црвенило – вели Вики.

Таа додава дека поради необично големите гради трпела и врнисчко насилство:

„Често плачев, кога сте многу млади и кога врсниците ве етикетираат не можете да уживате во растењето“.

Вики веќе се години се соочува и со уште еден проблем, кој е непознат за нејзините врнички:

„Секогаш кога купувам костим за капење морам да земам горен дел со огромни корпи. Не можам да одам во теретана или да се занимавам со спорт, бидејќи тежината на градите тоа го оневозможува. Најлошо е што ‘рбетот постојано ме боли, што не можам да носам градник подолго од неколку часа дневно  и во текот на летото ми се јавуваат пликови под градите, па кожата ми крвари“.

Хируршкиот третман за намалување на гради во Велика Британија може да биде направен на трошок на Фондот за здравствено осигурурување, но  неопходно е пациентката да помине низ низа прегледи за да добие повеќе потврди со кои ќе докаже дека интервенцијата е навистина оправдана. Освен тоа, листата на чекање е неверојатни девет години.

Поради тоа Вики одлучила да го скрати патот, да собере пати и да чека три години пократко – всушност, толку е потребно за големиот број лекарски комисии да одобри хирушка интервенција за намалување на градите која пациентките сами ја плаќаат.

 

Извор: telegraf.rs