Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на денешната онлајн седница го утврди Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои наскоро треба да се одржат. Д-р Сашко Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница.
Предлогот на Извршниот одбор за кандидат за градоначалник на Штип, според статутарните одредби ќе биде доставен до општинската конференција на ОО СДСМ Штип.
На седницата, дополнително се разговараше за борбата со коронавирусот во земјава и мерките коишто ги преземаат институциите за заштита на здравјето на граѓаните.


