Владата заклучи да му препорача на Собранието на акционери на Македонски телеком, Акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје, да ги отповика од должноста членови на Одборот на директори и тоа Сашо Велевски од неизвршен член, Замир Мехмети од неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од неизвршен независен член, Мирослав Вујиќ од неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на Одборот на директори, а за членови на Одборот на директори да ги избере:
– Шкодране Зенуни Дарлишта – неизвршен член
– Бардул Насуфи – неизвршен член
– Зоран Китанов – извршен член
– Нина Ангеловска – неизвршен независен член
– Садула Дураку – неизвршен независен член, и
– Аќиф Мехдиу – неизвршен член,
Освен тоа, на денешната владина седница прифатена е оставката на Агрон Буџаку, кој е разрешен од должноста директор на Центарот за управување со кризи на негово барање. Владата одлучи Стојанче Ангелов да го разреши од должноста национален координатор за воени и полициски ветерани и да го именува за в.д. директор на Центарот за управување со кризи.