Исламска држава презеде одговорност за нападот во Виена – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/20 8:43 PM

Исламска држава презеде одговорност за нападот во Виена

Терористичката организација Исламска држава презеде одговорност за нападот кој се случи во главниот град на Австрија. Нападот во Виена е изведен од „војник на калифатот“ со прекрар Абу Дујан ал-Албани. Тој користел нож и огнено оружје, тврди организацијата на својата платформа Naschir News.

Во синоќешниот напад во Виена убиени се најмалку четири лица, а уште 22 се ранети. Денешниот ден по терористичкиот напад во Виена помина во присуство на бројни безбедносни сили на улиците.

Генералниот директор за јавна безбедност, Франц Руф соопшти дека полицијата го затворила центарот на градот и дека во договор со меѓународните партнери е засилена контролата на границите на Австрија.

 

Фото: Ројтерс