Првата нуклеарна електрана во Белорусија денес започна со работа, а станува збор за проект кој предизвика страв кај нејзиниот сосед Литванија, кој веднаш го прекина увозот на белоруската електрична енергија, пренесува Анадолија (АА).
Нуклеарната електрана „Астравјетс“, изградена од страна на Русија, споена е на белоруската електродистрибутивна мрежа и го започна своето производство на електрична енергија, објави белорускиот елекроенергетски опереатор „Беленегро“.
Нуклеарната електрана се наоѓа на 40 километри јужно од Вилнус, главниот град на Литванија. Литванските власти долго се противеа на изградбата на електраната, тврдејќи дека проектот го следеа многу контроверзи, како што е кражба на материјал и малтретирање на работниците. Во согласност со државниот закон за забрана на увоз на електрична енергија од Белорусија, по пуштањето во работа на електраната, литванскиот енергетски оператор „Литгрид“ го намали дотокот на електрична енергија од Белорусија штом доби информации дека нуклеарниот ректор „Астравјетс“ започнал со производство.
Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“, која ја изгради електраната, ги негираше литванските тврдења, изјавувајќи дека дизајнот на електраната е во согласност со нависоките меѓународни стандарди, што е потврдено и од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија.
Изградбата на електраната беше одложена кога трупот на ректорот падна на земја во јули 2016 година, откако работниците не успеале правилно да го врзат во текот на инсталацијата. „Росатом“ тогаш инсистираше на тоа дека реакторот не е оштетен, но се согласи да го замени на бараше на белоруските власти.
Белорусија претрпе сериозна штета од нуклеарната катастрофа во Чернобил 1986 година, кога од објектот во Украина беше исфрлен радиоактивен отпад низ цела Европа.
Литванија во 2009 година ја затвори својата единствена нуклеарна од времето на СССР. Последните недели литванските власти бесплатно им делат таблети со јод на населението што живее во близина на белоруската граница. Таблетите со јод можат да помогнат во намалување на контаминација на тироидната жлезда во случај на радијација.