Северна Кореја презеде екстремни мерки за да се одбрани од ширењето на коронавирусот, а мерките вклучуваат и поставување на нагазни мини на границата со Кина.
За време на затворена седница на разузнавачката служба на Јужна Кореја, агентите известиле дека дошле до информации дека нивните сонародици од северот се плашат од „увезување“ на коронавирусот во нивната земја поради тоа што Северна Кореја има многу лоша медицинска инфраструктура.
„Со оглед на тоа што не постојат физички или технички можности да се сопре ширењето на коронавирусот, во Северна Кореја завладеа паника. Северна Кореја ги затвори границите и постави мини во некои гранични делови од земјата кои водат Кон Кина“, изјави јужнокорејскиот политичар Ха Тае Кеунг.
Документ од севернокорејската работничка партија од 27 февруари укажува на опасноста дека 500 илјади луѓе би можеле да починат доколку вирусот се рашири во земјата.
Наводно, според законот кој бил неодамна донесен во Северна Кореја, здравствените работници кои нема да можат да го исконтролираат ширењето на коронавирусот, би можеле да бидат осудени на смртна казна.
„Имаше случаи каде критичните пациенти беа транспортирани со товарни вагони за да не заразат никого во патничките кабини“, додал Тае-Кеунг.