По вчерашното спасување на тригодишно, денес спасено и четиригодишно девојче од под урнатините во Измир – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/20 3:43 PM

По вчерашното спасување на тригодишно, денес спасено и четиригодишно девојче од под урнатините во Измир

Во Измир, 91 час по земјотресот што се случи во петокот, девојче е спасено од  урнатините на апартманите „Риза-бег“, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Во регионот продолжуваат активностите за пребарување и спасување

За време на активностите спасувачите стигнаа до четиригодишно девојче и ја концентрираа својата активност во таа област.

Кога стигнаа до девојчето, до местото под урнатините беше однесен серум, термално ќебе и носило.

Девојчето што беше спасено се вика Ајда Гезгин, и таа е 107. лице спасено од урнатините.

Претседателот на АФАД, Мехмет Гулуоглу, на својот профил на Твитер напиша: „Стигнавме до друго дете. Фала му на Бога.“

Гувернерот на Измир, Јавуз Селим Кошгер, исто така на својот профил на социјалните мрежи напиша: „И Ајла Гезгин е спасена жива.“

Во силниот земјотрес што го погоди Егејскиот регион на Турција, загинаа 102 лица, 1.026 се повредени, од кои 883 лица се отпуштени од болница, а 143 сè уште се на болничко лекување.

По земјотресот што го погоди подрачјето во близина на Сеферихисар, во Измир, регистрирани се 1.286 последователни потреси, од кои 43 со магнитуда над четири степени.

Турскиот министер за животна средина и урбанизам, Мурат Курум, изјави дека бројот на значително оштетените и уништени згради е зголемен на 58. Вчера, 65 часа по земјотресот, од под урнатините беше извлечена тригодишната Елиф Перинчек.