По двонеделено одложување поради КОВИД-19 денеска во Основниот кривичен сид во Скопје продолжува судењето за незаконско следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”.
Претходното рочиште на 16 октомври се одложи поради позотовен тест на корона вирус на обвинетиот Сашо Мијалков.
На денешното рочиште се изведуваат материјални докази предложени од Обвинителството, а на рочиштето закажано за 13 ноември ќе се продолжи со сослушување на сведоци.
Денешното рочиште започна со задоцнување од половона час, поради доцнење со спроведувањето на обвинетата Гордана Јанкулоска.
Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристеска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.
MИА