Под мотото -Стоп за селективна правда, правда ќе има за сите, Независниот Синдикат на судската Полиција излегува на предупредувачки протест.
Почитување на правосилните пресуди и неменување на судската пракса по желба на некој, измени на законот за судска служба, добивање бенефициран стаж и регулирање на додатоците на плата, донесување на подзаконски акт од страна на Министерот до 20% за сите судови, како и почитување на колективниот договор и исплата на додатоци по истиот, се барањата на судската полиција организирана преку Независниот синдикат на Полицијата(НССП).
Протестот ќе се одржи утре со почеток во 12 часот од пред Канцеларијата на КСОМ, наспроти Саем.
Пред Апелациониот суд и Министерството за правда, ќе се одржи прес-конференција.