Дваесет и еденгодишниот Н.В со потекло од Велешта, струшко, една е од жртвите во вчерашниот терористички напад во Виена, пренесува „TВ 21“.
Според неговото семејство, тој бил излезен со пријателите во кафуле, каде што и бил убиен.
Како што е познато на јавноста, напаѓачот во Виена кој беше застрелан од австриската полиција, а ги одзеде животите на четири лица и повреди повеќе од 15, Кујтим Фејзулаи, исто така има потекло од Македонија, поточно тетовски Челопек.