Алтетико Мадрид во Валенсија ја пронајде замената за Томас Парти. Џофри Кондогбија потпиша договор со „јорганџиите“ кој ќе го задржи во Мадрид до 2024 година.
Некогашниот фудбалер на Монако и Интер ќе претставува солидно засилување во составот на Чоло Симеоне и ќе му понуди на аргентинскиот тренер опција повеќе во средниот ред покрај Саул Нигез, Коке и Маркос Љоренте.
Кондогбија утрово го поминал медицинскиот преглед во „Clínica Universidad de Navarra“ и веќе од викенндов ќе може да дебитира во неговиот нов клуб.