Покетино: „Го чекам вистинскиот проект за мене“ – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/20 1:05 PM

Покетино: „Го чекам вистинскиот проект за мене“

Поранешниот тренер на Тотенхем и финалист во Лигата на Шампионите со истоимениот тим, Маурисио Покетино, вчеравечер гостуваше во студиото на „Sky Sports“ каде што дискутираше за повеќе теми, меѓу кои и онаа за неговата професионална иднина.

Покетино помина повеќе од пет години во тимот од северен Лондон, а веќе една календарска година е без тренерски ангажман, откако Даниел Леви реши да го отстрани од позицијата и да го замени со Жозе Мурињо.

-Не знам дали ќе менаџирам во Премиер Лига. Не затворам ниту една врата. Кога бев многу млад научив од мојот поранешен тренер, Хорхе Грифа дека фудбалот го диктира твојот пат. Го чекам вистинскиот проект за мене, за нас. Секако дека живееме во „луда“ ситуација, „луд“ момент во нашиот живот. Различно е во сите сфери, не само во фудбалот. Полн сум со енергија и би сакал да бидам инволвиран во играта, но во исто време разбирам дека треба да се почека моментот, изјави аргентинскиот стратег.

Покетино изјави своевидна поддршка на овој тим на Тотенхем и Мурињо и изрази надеж дека Тотенхем на крајот од оваа сезона ќе го подигне вредниот трофеј во најквалитетната светска фудбалска лига.