Австриското МВР потврди дека позади вчерашните терористички напади во Виена, во кои беа убиени четири лица, а повредени најмалку седумнаесеттина, стои Кујтим Фејзулаи, 20-годишен маж роден во Модлинг, со потекло од Македонија, поточно тетовското село Челопек.
Фејзулаи претходно бил осуден на 22 месеци затвор, бидејќи се обидел да замине во Сирија и да се приклучи на „Исламска држава“.
-Тој бил опремен со лажен појас за бомби, автоматска пушка, пиштол и мачета, оружје со кое го извршил грозоморниот напад врз невини цивили, изјави министерот за внатрешни работи на Австрија, Нехамер.
Министерот исто така потврди дека напаѓачот бил осуден на казна затвор од 22 месеци, но минатата година во декември бил пуштен на условна слобода.
Фејзулаи, кој имал двојно државјанство, вчера беше смртно застрелан од автриската полиција во акцијата за неутрализирање на терористичките напади во престолнината.