Во Берлин беше постинат одреден напредок во однос на отворените прашања, но се уште не сме во можност да ја одобриме рамката за преговори за Македонија. Ние сме добронамерни, но не можеме да правиме компромиси, кои ќе продолжат да водат кон антибугарска кампања, ова е ставот на бугарската Влада, изјави министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, јавија бугарските медиуми.
-Јасно е наведено дека добрососедските односи и договорот со Бугарија мора да се почитуваат. Во последната година и повеќе од една година сме сведоци на екстремно и систематско непочитување на овој договор. Не зборувам само за историската комисија. Има забелешки за напредокот на Коридорот 8, имаме случаи во кои се создаваат административни бариери за бугарските инвеститори, неподготвеност на Македонија да се придржува до формулата за јазик во договорот. Заедничката историска комисија не работеше речиси една година. На Бугарија смета дека тоа темпо не е доволно, вели Захариева.
Поголемиот проблем на Бугарија, додава таа, е што историските личности, за кои е постигнат договор, не се објавени јавно и договореното не се рефлектира во учебниците, на музејските експонати, бидејќи единствената цел е да се елиминира говорот на омраза. Додава дека нема начин како да се постигне тоа ако поединците останат само на хартија во комисијата. Тоа не е следниот чекор за Бугарија, вели таа и додава дека тоа е важно прашање.
-Слушнавме многу обвинувања дека Бугарија не ја признава реалноста. Напротив, ние ја препознаваме реалноста само со фактот дека ние први го признавме постоењето на државата Македонија. Ова е една од многу важните црвени линии на Бугарија во врска со спроведувањето на договорот, рече Захариева.
Таа појаснува дка има одреден напредок во однос на отворените прашања во Берлин за Македонија како што е користењето на краткото име на С Македонија.
– Користејќи го краткото име за Бугарија е важно да се изјаснат дека тоа не води до географскиот дел на Бугарија, дека не е поврзано со територијални или малцински претензии. Македонија вети дека ќе го објави ова. Што се однесува до јазикот, повторивме дека постојат две опции или употребата на верзијата за 2017 година, мислам дека имавме и прилично голема конвергенција на позициите во Берлин. Досега, сепак, сè уште не сме во можност да ја одобриме рамката за преговори за Македонија, но работиме и активно со германското претседателство, рече Захариева.
Според неа Софија работи на тоа да ги рефлектира преостанатите барања на Бугарија во рамката за преговори, кои се поврзани со гаранции со одобрување на акционен план за спроведување на договорот од 2017 година, јасна декларација во рамката за преговори и еднострано, вели, од страна на Македонија дека тврдењата на малцинствата нема да бидат поддржани од страна на државните институции.
-Сфаќајќи ја одговорноста, позицијата и на премиерот и на бугарската Влада е многу јасна. Тоа е: ние сме добронамерни, но не можеме да правиме компромиси што ќе продолжат да водат кон антибугарска кампања. Не можеме да прифатиме во ЕУ и тешко е целата ЕУ да има отворени прашања. Не сите членки на ЕУ го одобруваат проширувањето. Да, се согласувам со моите колеги од Скопје дека никој нема право да утврди како граѓанин може да се самоопредели, но истото важи и за бугарските граѓани. Нема шанси некој да каже дека овој јазик е различен од нашиот, па затоа ја најдовме формулата во 2017 година. Благодарност на германското претседателство за посветеноста и иницијативата, но сè уште не сме стигнале до точка да кажеме „Да”, рече Захариева и истакна дека би била голема штета Скопје да ја испушти оваа можност.
Захариева вчера во Берлин имаше средба со вицепремиеропт за евртопски прашања Никола Димитров и шефот на димпломатијата Бујар Османи на покана министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас и државниот министер з Европа Михаел Рот.