Група на истражувачи во Велика Британија ја повикува Владата да го потикне додавањето на витаминот Д меѓу вообичаените намирници како млекото и лебот, повикувајќи се на доказите дека оваа хранлива состојка може да помогне во борбата против короновирусот.
Доктор Gareth Davies, независен медицински истражувач, е во групата на истражувачи кои со месеци ја истражуваат улогата на витаминот Д во превенцијата од ковид 19, а сега ја поттикнуваат Власта за акција.Во Велика Британија се соочуваат со вториот бран , поради големиот пораст на новозаразени.
Повеќето истражувања ја откриле поврзаноста помеѓу нивото на витаминот Д и резултатите од Ковид19.
Друга мала студија покажа дека луѓето со недостаток на витамин Д имаат двојно поголема веројатност да се заразат.Но, потребни се повеќе истражувања за подобро да се разбере точно каква улога игра витаминот Д во превенцијата на инфекции или во лекувањето на пациентите.
http://hr.n1info.com