Околу 100 китови денеска се насукале на плажата во близина на главниот град на Шри Ланка, Коломба.
Морнарицата на Шри Ланка и доброволци бргу им пристапиле на помош, но враќањето на огромните животни во морето не е лесна работа, бидејќи океанот ги враќал назад, пренесува ББС.
Се уште не е познато зошто китовите се насукале, но оваа појава не е толку необична.
Во септември, околу стотина китови кои се насукаа на австралиските плажи ,умреа.
Тоа беше еден од најголемите смртни случаи на китови некогаш забележани, бидејќи загинаа околу 1000 од овие морски џинови.